Aлександар Јовановски: ” Благодарност до сите хумани граѓани”

7

Здраво

Јас сум Александар Јовановски и имам 25 години.

На мои 20 години во немил настан се здобив со повреда на рбетот дијагноза paraplegia Th4 и останав врзан за инвалидска количка. 2 години барав решение за мојот проблем и конечно се појави таа искра надеж, терапија со матични клетки и тука почна моето истажување и собирање информации. Најприфатлива понуда ми беше терапијата во Кина но за тоа беа потребни многу пари што јас и моето семејство во тој момент не можевме да ги собреме и зависев од вољата на хуманите луѓе.

Отворив бројчиња за донации, почнав да барам место каде што ќе можам да организирам некоја хуманитарна забава но сето тоа не беше доволно. Постепено, моите апели за помош почнаа се почесто да се прошируваат низ интернет просторот, со нив моите броеви за донации станаа по достаопни за хуманите граѓани.

Со самото тоа најдов повеќе места за да направам хуманитарни забави. Нивната помош ми значеше при собирањето на потребните средства за да заминам во Кина на терапија со матични клетки.

Иако отидов во Кина терапијата со матични клетки не ми помогна многу за јас да застанам на нозе и да бидам тоа што сум бил некогаш. Но мојата борба не престана . Секој ден активно вежбам во мојата домашна теретана, исто така се занимавам со пливање, атлетика а тука е и мојот омилен спорт спортско стрелаштво, покрај тоа го завршив и факултетот.

Благодарност до сите граѓани на оваа земја, знајни и незнајни. Нека мојот пример биде поттик и апел до сите граѓани да ја искажат својата хуманост и на било кој начин да одговорат на повиците за помош.

Вашиот пријател,

Александар Јовановски

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: