Акцијата за помош на семејството Корчови-пример како секој од нас може да направи промени во светот !

2

Еден пример како само со желба и вложено време може да се смени нечиј живот, да се донесе насмевка на лицето на луѓето на кои им треба помош, се екипата која ја направи страната за Хуманитарна акција за помош на фам. Корчови.

Тимот на Донации.мк во име на целата македонска јавност јавно им се заблагодарува на Горан Трајков, Ивана Ѓоргиева, Викторија Кукушев, Мартин Ѓорѓиев, Мариојана коцева, Марија Кржовска и сите кои земаа учество во оваа акција за помош на семејството.

12180060_1504463073186138_1667889327_n

Горан Трајков, идејниот творец на страната и момчето кое ја покрена целата акција ни даде интервју за www.donacii.mk.

“Желбата да се помогне е поголема кога одблизу ќе се запознаеш со луѓето кои имаат потреба од помош.

На некои од локалните телевизии ја видов сторијата за семејството Корчови. Стануваше збор за сторија во која можеше да се види дека ова семејство составено од мајка и две ќерки немаа елементарни услови за живот.

Веднаш по прилогот се заложив дека на ова семејство му е потребна итна помош. На фејсбук ја креирав страната за помош на семејството и веднаш заминав во посета на семејството.

Од локалната телевизија ја добив адресата и отидовме кај Корчови. Глетката беше страшна, двете девојчиња беа дома и ми објаснија како живеат во 21от век без струја и како успеваат на свеќа да напишат домашно и да отидат на училиште. За време на претстојот во нивната куќа направив список на се што требаше да се замени и купи за нив.Списокот беше долг.
Во меѓувреме на страната на фејсбук добив покана за соработка од две лица, Ивана и Викторија, со кои воопшто не се познавав, а кои искрено сакаа да помогнат. Стапив во контакт со нив и заедно направивме план како треба да дејствуваме. Приоритет ни беше да да собереме парични средства за да се исплати заостанатиот долг кон ЕВН и да се обезбеди работно место за мајката за да може понатаму да си ги подмирува долговите и да обезбеди финансиска сигурност за девојчињата и за себе.

Со Ивана и Викторија се договоривме за неколку денови да организираме хуманитарна акција во паркот во населбата 8ми Ноември на која преку телевизија и преку интернет ќе ги поканеме сите оние кои сакаат да донираат да дојдат и да дадат свој прилог. Целата организација ја споделував на фејсбук, секој чекор се документираше и се објавуваа слики на кои се гледа што е купено, донирано и што понатаму е потребно за семејтвото.

12180060_1504463066519472_1918284984_nПомош почна да стигнува од сите страни, за среќа. Многу луѓе, невладини организации сакаа да придонесат на свој начин. Одредивме и датум за хуманитарната акција во паркот. Тој ден се собраа околу 22 000 денари кои беа исклучиво наменети за подмирување на долгот кон ЕВН. Се собра облека, огревни дрва, мебел, компјутер кревет храна за семејството и др . Три часа во паркот беа интересни бидејќи имаше хуманитарен настап на студио за танц и изведувачи кои на посетителите им дадоа забава.

Утредента добив повик од еден сопственик на уготителски објект кој го донираше преостанатиот дел од сумата потребна за подмирувње на целиот долг кон ЕВН. Лицето кое сакаше да остане анонимно донираше 25 000 денари. Веднаш го подмиривме долгот и конечно во куќата на Корчови дојде 21 век. Понатаму следуваше донација од штипските основни училишта кои собраа парични средства и ги употребивме за купување на дел од работите од пописната листа која ја направив за време на првата средба. Беа купени работи потребни за оспособување на дел од кујната и купатилото. Од овие средства беше репарирана и влезната врата од куќата.

Следниот викенд во договор со волонтери од здружението ,,Цивитас,, и ние започнавме со расчистување на домот и внесување на мебелот и другите донирни предмети. Се исфарбаа прозорите и се поправи електричната инсталација во куќата, се наместија лустери кои исто така беа дел од купените предмети кои организацијата на Црвен Крст при ООУ ,,Ванчо Прќе,, Штип, воедно и училиштето каде учат двете девојчиња, ги собраа и донираа.

Еден од волонтерите донираше фрижидер кој исто така најде место во кујната. Додека траеше акцијата во домот, на фејсбук се јавуваа граѓани и здруженија кои сакаа да донираат пари, но многу повеќе облека и храна. Сите средства беа употребени за профункционирање на домот и за нормализирање на животите како на мајката така и на двете девојчиња. Од овие средства се купи ел. шпорет дополнителна храна со која семејството ќе ја помине зимата. Откако се заврши тридневната активност во домот на Корчови се донесе и последната донација од едно семејство од Штип, садопер, со што се опреми кујната комплетно.

На фејсбук и понатаму се апдејтуваше се што се сработуваше за семејството. Анонимни донатори донираа училишен прибор и ранци за девојчињата. Пакети со храна пристигнуваа и следните денови. Откако се заокружија сите точки од првичниот план и се обезбеди сѐ, решивме дека повеќе не се потребни ниту средства ниту храна и облека.

За во иднина останува да го посетувааме семејството како пријатели и да споделуваме пријатни моменти. Тимот кој го направивме за само неколу денови беше навистина експедитивен и посветен на работата. Наша заложба беше на девојчињата да им обебедиме подобар живот, ко ,јсе надевам дека понатаму ќе можат да си го обезбедуваат самостојно бидејќи успеавме да најдеме работно место за мајката по само неколку денови од почетокот на акцијата.

Фирмата која ја запосли мајката несебично се понуди се со цел ова семејство да може да си ги подмирува секојдневните потреби.”

12179638_1504463069852805_396167040_n

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: