#ЗаЖарко- хуманитарна забава во “Kamarite”- Битола

3

Превземено од фб настанот #ЗаЖарко во организација на  LEO Club Kabadaya – Bitola

КОГА : ПЕТОК, 6 март 2015

КАДЕ: Kamarite со почеток во 21ч

leninova 19, 7000 Bitola
Љубов и солидарност.
Надеж и верба.
Заедништво и хуманост.
Живот и борба.

Лео Кабадаја и Камарите.

Овој петок нема да биде како секој петок во Камарите.
Овој петок Камарите ќе зрачи од љубов, а сите ние ќе пулсираме како едно, во ритми од Докторо 🙂
Борбата за секој млад живот е борба на секој од нас. Дојдете!

Срце #ЗаЖарко!!!

“Жарко Јовичиќ има 23 години. Пред 8 месеци неочекувано го загуби видот на левото око. После еден лекарски преглед му беше дијагностиран параназален рак. Итно беше направена критична операција, со која за среќа се отсрани поголемиот дел од туморот. Оттогаш тој е на постојана терапија, а минатата недела му беше кажано дека ќе има потреба од уште една критична операција на главата.

Потребна е итна операција која чини 8.000 американски долари и додатни финансиски средства за после терапијата, кои тој и неговото семејство ги немаат. За жал, овој вид операција на рак не е покриен од здравственото осигурување. Целта е да се соберат 8.000 американски долари, но секако би било уште подобро ако се собери нешто повеќе.

Се разбира дека не секој може да помогне со парични средства, но затоа има и други начини! Ве молиме споделете ја нашава приказна на Facebook, Twitter, праќајте електронска пошта, писма и молете се за Жарко!

Отворете го вашето срце и да му помогнеме на Жарко во неговата борба против ракот!

Otvorena e smetka i od Stopanska Banka Skopje so broj 200002240643053.

xj2inou8uq8cqtlwxssf

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: