“ЗА СИТЕ ДЕЦА”- ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ДАРУВАЊЕ УЧИЛИШЕН ПРИБОР, ОПРЕМА И КНИГИ ЗА ДЕЦАТА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО

4

Со цел да им се помогне и олесни почетокот на училишната година на 140 дечиња без родители и родителска грижа, како и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите биолошки семејства, згрижени во СОС ДЕТСКО СЕЛО во Скопје, Здружението “Хуманост без граници” организира Хуманитарна акција на дарување.

Нека училишната година биде почеток на едно прекрасно патување и период полн со радост и големи очекувања ЗА СИТЕ ДЕЦА. Да им помогнеме на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО сите ние и тие комплетно подготвени да ја дочекаат оваа учебна година.

Книги, лектири, работни тетратки, учебници, тетратки за пишување, блокови за цртање, моливи, пенкала, фломастери, училишни ранци….се што сметате дека на некое дете ќе му биде од корист во текот на учебната година, можете да го донирате на акцијата на дарување , која ќе се одржи на 22 август 2015 година, од 19: 00 до 20:30 часот, пред Спомен куќата на Мајка Тереза, на улица Македонија, во центарот на Скопје.

Ве очекуваме, за заедно да подготвиме и донесеме радост на лицата на децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО.

Фб настан: “ЗА СИТЕ ДЕЦА”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: