За алтанчињата од домот 11 Октомври – хуманитарна акција

8

 

 

Превземен текст од Фб Настанот “За алтанчињата од домот 11 Октомври – хуманитарна акција”

Hosted by Бетмен велит and Armand Veljan

 

“Иако првичната акција беше насловена “за помош на трите сестрички” масовноста на одзивот не натера да размислиме за малку поширока акција која ќе донесе насмевка на повеќе детски лица.

Акцијата која ќе се одржи во сабота ќе биде наменета за собирање помош за сите дечиња од домот 11 Октомври во Скопје што значи дека ни се потребни алишта и играчки за сите возрасни групи како за девојчиња, така и за момчиња.

Сабота, паркчето кај Форум на Рекорд (кај Водовод, да), од 10-15 часот. Знам дека камион цел може да собереме – и дај боже да е така, ќе има за сите.

Облеката е најкоректно да биде испрана и спакувана,и Ве замолуваме да биде сортирана дали е за момчиња или девојчиња, со цел побрзо да им биде доставена во домот.

Дечињата во моментов го имаат само домот и – нас. Па, let’s make it happen. Се гледаме во сабота!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: