“Види, почувствувај, реагирај” – Биди хуман!

4

 

Превземено од Фб настанот :“Види, почувствувај, реагирај” – Биди хуман!

“ПРВАТА АКЦИЈА ЌЕ БИДЕ ОДРЖАНА НА 30.03.2014г. ВО ГРАДСКИ ПАРК-СКОПЈЕ КАЈ ШКОЛКА, ВРЕМЕ: 12:00 часот.

Да му ја подадеш раката на човека е едно од највредните нешта во животот. Не чини многу, многу го немаат, а секогаш е добредојдено. Трансформација на скромни материјални средства во насмевка.

*Донирање на облека, играчки, книги, средства за лична хигиена, храна и др. скромни материјални средства.*
Работите ќе бидат наменети за домовите за деца без родители и социјално загрозените семејства.
***
Хуманитарната акција ќе се оддржи во некои од основните и средните училишта, пункт во Градски Парк-Скопје и на ФИНКИ (холот на ТМФ).
***
Точното време и локации ќе бидат дополнително наведени.

Ви Благодариме,
тимот: Daniela KovachkaAngela KostadinovskaSvetlana Pavčević,Христина НиколовскаЃорги Стојанов 🙂

Хуманоста е големината на еден човек. Били дел од нас, придружи се. “

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: