ВЕЛОДАРНОСТ – Да помогнеме на загрозените многудетни семејства

2

Превземено од ВЕЛОДАРНОСТ – Да помогнеме на загрозените многудетни семејства

“Пролетта е време на будење, одлично за возење ВЕЛОсипеди со кои можеме да прошетаме, уживаме во природата на Македонија и воедно солиДАРно и ВЕЛикОдушно да поДАРиме помош на оние наши најблиски сограѓани на кои таа им е најпотребна.Овој викенд во недела на 29.03.купената помош од средствата собрани на нашата прошетка до Трескавец, Маркови Кули и Прилеп насловена „По стапките на Крали Марко“ и донацијата од Office Plus ќе ги однесеме на самохраната мајка Благица со своите 4 деца од семејството Николовски во ВОЛКОВО.По доставувањето на собраната помош на семејството Николовски во Волково, нашата прошетка со велосипеди ќе ја продолжиме кон две скопски културно-историски знаменитости: древниот град СКУПИ и стариот римски водовод АКВАДУКТ по кои ќе се вратиме во центарот на градот. На оваа рута: порта Македонија – Волково – Скупи- Аквадукт сѐвкупно ќе извозиме околу 28-30 км.Ова е првиот дел од акцијата ВЕЛОДАРНОСТ, а вториот дел ќе биде наменета за собирање и доставување помош за семејството Кочоски од ДРАЧЕВО.

Повелете и приклучете се! Секој е добредојден да помогне и да ужива во прошетката! (Контакт: 071 216 066 – Марио Шаревски или edinstvenamakedonija@gmail.com)

збирно место каде се чекаат оние кои сакаат да бидат дел од дел од настанот ВЕЛОДАРНОСТ – Да помогнеме на загрозените многудетни семејства е пред порта „Македонија“ меѓу 12 и 12:30 часот.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: