Трка: Биди хуман! Биди нечиј херој!

1

Превземено од ФБ НАСТАН https://www.facebook.com/events/1580980485473321/

  • НЕДЕЛА, 26 април, 11:00 ам

Клубот на Млади на ООЦК Центар поддржан од групата “Скопско Ноќно Трчање” организира хуманитарна трка на 5km на ден 26ти Април со почеток во 11 часот (информации за местото следат наскоро).

*Учеството за оваа трка изнесува 100 денари, а пријавувањето е со порака, на која враќаме со стартен број, или на лице место.

Настанот е дел од ЦКА-ПХВ програмата и собраните сретства ќе бидат употребени за подобрување на условите за живот на семејството на малата 9 годишна Фатуше Незири, од село Буковиќ. Девојчето е со хендикеп, а нејзините родители поради постојаната грижа за неа биле приморани да ги напуштат работните места.

Ги покануваме сите трчачи и не-толку-трчачи, професионалци и рекреативци, сите хумани луѓе да бидат дел од оваа трка, и заедно да истрчаме кон подобро детство на малата Фатуше.

Трчаме за подобро детство, за поубава пролет!
ТРЧАЈ! БИДИ ХУМАН! БИДИ НЕЧИЈ ХЕРОЈ!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: