Театар за Деца и Младинци со Хуманитарна Претстава за Лекувањето на Јоце во Русија

4

Teкстот е превземен од Фб настанот:

Театар за Деца и Младинци со 

Хуманитарна Претстава за Лекувањето на Јоце во Русија

Koга: Недела, 15 Јуни,

11:30-12:30

Kaде : Teaтар за Деца и Младинци

 

Театарот за деца и младинци и целиот колектив срдечно го поддржа последното лекување со пресадување на матични клетки на Јоце Блажевски во Русија што чини 10 000 евра и за таа цел хуманитарно ќе се одигра Претставата “Пипи долгиот чорап” во недела на 15. 06. 2014 во 12.30 часот. Билетите се веќе во продажба со цена од 150 ден. и можете да ги купите во билетарата во Театарот за Деца и Младинци, да ги нарачате online http://www.puppet.com.mk/pretstavi/pipiили пак да ги нарачате кај Cuki Blazevska , Tanja Blazhevska i Joce Blazevski во порака или на тел:078 232 201

Претставата е работена според истоимената детска книга на Астрид Лундгрен и е лектира за основно образование. Прекрасната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски Попова успеа да ја претвори во незаборавна претстава.
Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општо прифатени норми и правила. Интересот за нашата Пипи, одиграна од повеќе од оригиналната актерка Соња Стамболџиовска, која и приватно е реинкарнација на оригиналната Пипи, досега е незапамтен. Претставата изобилува со прекрасно одиграни ликови и карактери.

Претставата е од едукативен карактер, можат да ја следат деца и од предучилишна возраст, а исто така и поголеми деца (воздрасни луѓе) којшто ќе се вратат во детството.

Режија:
Драгана Милошевски Попова
Aвтор:
Астрид Лундгрен
Драматизација:
Бојан Трифуновски
Сценографија:
Кирил Василев
Костимографија:
Марија Пупучевска
Кореографија:
Марјан Неќак
Играат:
Соња Стамболџиовска (к.г.)
Емра Куртишова
Мартин Јорданоски
Ана Левајковиќ-Бошков
Предраг Павловски
Татјана Павловска Кочовска
Владимир Лазовски
Бојан Кирковски
Марија Ѓорѓијовска
Драган Довлев
Година:
2013
Времетраење:
60 минути

Најмлади, возрасни деца и постари деца ајде уште еднаш помогнете му на Јоце да замине на последното лекување и да се врати одејќи сам назат бидејќу уште толку му остана!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОДДРШКАТА И ХУМАНОСТА!
СЕМЕЈСТВО БЛАЖЕВСКИ

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: