„Сподели среќа” – Акција за собирање на облека и обувки

1

Преземено од ТУКА

КАДЕ: Аулата на Филозофскиот факултет – Скопје

КОГА: Од 3ти – 11ти декември

ВРЕМЕ: Во било кој период на денот – во текот на таа недела

Да споделиме среќа и да бидеме дел од оваа акција. Студенти Вие сте на ред!

Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари секојдневно го посетуваат голем број на дечиња кои и припаѓаат на најралнивата категорија на деца. За нив центарот претставува топло и весело катче, место каде што го добиваат, најчесто единствениот топол оброк во денот, градат воспитни навики, добиваат топол збор, утеха и разбирање.
Чувството да помогнеме, во вистинска смисла на зборот е незаменливо. Со таа цел во Аулата на Филозофскиот факултет во текот на една недела, ќе биде поставен собирен пукт за облека и обувки кои ќе бидат наменети за овие дечиња.
Ајде да ја покажеме нашата совесност и емпатија!
Сите заедно, да им ги разубавиме барем за момент, предновогодишните и божиќните празници на овие дечиња.

Ве очекуваме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: