Солидарна Хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Македонија

2

Во целост превземено од Студентси пленум

“Почитувани студенти и граѓани,

Сочувствуваме со семејствата чии што домови беа поплавени, семејства кои што најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен.

Студентскиот пленум Ве повикува да се СОЛИДАРИЗИРАМЕ со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава.

Со таа цел, утре (петок, 06.02) со почеток во 10 часот, па до 16 часот, се организира СОЛИДАРНА АКЦИЈА која ќе се одвива на Улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза.

Продукти кои се најпотребни:

Вода,
Средства за хигиена,
Конзервирана храна,
Чорапи и облека,
Ќебиња

Ги повикуваме сите наши колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и истите да одвојат средства се со цел да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: