Купете “Солидарен оброк” во Неделата на Солидарноста

2

„Вашиот прилог – значајна помош!“ е мотото на традиционалната активност на Црвениот крст на РМ и на Црвениот крст на град Скопје – Недела на солидарност (22-28 април) која годинава ќе се одбележи со промоција на„Солидарниот оброк“.
Познатата хумана акција функционира веќе една година во Скопје и со неа се овозможува на секој граѓанин да купи уште еден оброк за лице кое тоа не може да си го дозволи.Црвениот крст се вклучи уште на почетокот, како партнер на веб страницата fakulteti.mk, кои се и иницијатори на „Солидарен оброк“ во земјава.
– Се вклучивме со цел да овозможиме поефикасно и соодветно користење на купените оброци од страна на хуманите граѓани. Со оглед на не многу големата бројка на оброци која ја имавме на располагање, истите беа делени само на лица во ризик да станат бездомници, односно лица кои се изнемоштени од прегладнетост и немоќност да најдат храна, како и на тешко болни бездомници кои беа сметени во Прифатилиштето во Момин Поток. Подоцна бројот на оброците се зголеми како резултат на промоција и се отвори можност по еден оброк, два зимски месеци во континуитет да биде поделен за викендите на сите бездомници корисници на пунктот – вели Марина Матеска од координатор на Социјално –хуманитарна дејност при Црвениот крст на град Скопје.
Таа додава дека за овие луѓе, за викендите е особено тешко да најдат храна со оглед дека народните кујни во црквите овие два дена не работат, а всушност тоа е местото каде тие можат да добијат барем еден сигурен оброк на ден.
– Во зависнот од количината на обезбедени оброци се одредува и целната група и критериумите зошто да биде поделен истиот. Често оброците значат и помош на семејства кои во моментот се со ризик да останат на улица, или пак семејства кои имаат сериозни здравствени проблеми, а притоа секогаш пропратени со немање на никакви финансиски извори потребни за егзистенција- вели таа.
„Солидарниот оброк“ може да го купи секој граѓанин на места кои ја поддржуваат ова акција.
Од Црвениот крст информираат дека граѓаните сами одредуваат од каде и каков  ќе биде оброкот.
– Оброкот останува во угостителскиот објект и чека да биде подигнат од лице кое носи со себе купон со печат на Црвен крст. Социјалните работници од Црвен крст одредуваат на кого овој оброк ќе биде даден врз основа на повеќе критериуми. Понекогаш оброците ги подигнуваат и вработени од Црвениот крст со легитимација и ги носат на лица кои се крајни корисници – објаснува Матеска.

Места каде што  може да се купи „Солидарен оброк“:

Сендвичарница „Пепер“, ул. Ленинова 23/3-6, Центар
Лесковачка скара „Вили“, Центар, Кисела Вода, Карпош, Аеродром
Бурекџилница „Шар-Гора“, ул. „11 Октомври“ бр 38,  Центар
Пицерија „Мали Џокица“, ул. „Тетовска“ бр. 28-3-а, Центар
Пекара „Специјал“, ул. „11 Октомври“ бр. 74, Центар
Пекара „Добар Апетит“, ул. „Видео Смилевски – Бато“ бр. 71, Ново Лисиче
Ресторан „Гурмет“, ул. „Раде Кончар“ бр. 3, Центар

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: