Собирна акција за помош на тетка Митра во Скопје

3

На 19. 03.2015  во Скопје од 14:00 17:00 ќе биде поставен штанд за донирање на Плоштад- Улица Македонија.

Сите кои што сте од Скопје ќе можете да донирате за Митра.

ВО ПРИЛОТ Е АПЕЛОТ ЗА ПОМОШ НА ТЕТКА МИТРА:

“Почнувајќи од најтешкото- СТРУЈА, храна, средства, прибори за домаќинство итн итн итн. Нејзе и треба нов дом затоа што во вакви околности нејзиното здравје ќе се руши… Луѓе ве молам, ве молам од срце да и помогнеме на оваа кутра жена, остатокот од животот да го живее како што треба, како секој нормален човек. Јас знам само еден начин да и помогнам- наредниве неколку дена да наместам штанд со кутија за донирање… Сите вие кои што сте во можност да донирате парични средства, храна, облека што не ви треба, и сите работи кои што му се потребни на еден човек да дојдете и да ДОНИРАТЕ. Исто така кој сака може да дојде да донира и храна за нејзиниот миленик, да не го заборавиме и него. Ви благодарам што одвоивте време да прочитате.”

Monika Petkovska

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: