Собирна акција за помош на самохрана мајка

1

Превземено од фб настанот : https://www.facebook.com/events/1468238140143654/

КАДЕ: Пред СП МАРКЕТ Тафталиџе. Скопје

КОГА : ВТОРНИК, 4 АВГУСТ 2015, 19:00 часот

ОРГАНИЗАТОР: Виолета Петковска

“Почитувани голема молба до вас.

На една самохрана мајка на две мали дечиња итно и е потребна помош во храна и хигиенски потребштини. Кој може да донира и пари, одлично.

Во вторник, во 19 часот, ве очекувам во поголем број пред СП Маркет во Тафталиџе. Знам дека е лето, одмори, горештини, празник, но сите вие кои сте во Скопје, потрудете се да дојдете затоа што две деца се гладни и буквално оставени на милоста и хуманоста на останатите.
Се работи за една млада жена со две мали дечиња 3 и 5 годинки. Животот и се смени во миг кога сопругот ја оставил со двете дечиња и што е најтрагично грбот и го свртеле и најблиските.Сакам да ве замолам сите вие, млади родители, хумани и со големо разбирање за оваа млада мајка која бара помош во храна, да и помогнеме.

ИТНО бидејки двете гладни мешиња не можат да чекаат ни миг повеќе.Да донираме средства за хигиена и најмногу храна. Бидете хумани и дарувајте,нахраниме две гладни устиња затоа што Алек и Лео се гладни. И покрај жештините за кратко дојдете и донесете што можете и колку можете .”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: