Собирна акција за храна за семејството Крстеви од Велес

1
Преземено од ТУКА
Кога: втроник, 8 декември
Каде: Boris Trajkovski Sports Center – Булевар 8ми Септември бб, 1000 Skopje
Време: Од 11:00 – 11:30
Линк до апелот за Крстеви
Драгица и Јосе по втор пат за седум дена ќе седат покрај празна трпеза без топол леб и манџа.
Двајцата сопружници така ја дочекаа 2015 година, во својот скромен дом без греење, во кој засега има струја но не се знае до кога? Драгица вели дека морале и се навикнале на сиромаштијата во која западнале не по своја вина.Но не можат да се навикнат на гладот бидејќи празниот стомак бара барем леб и сол.
„По една чаша вода имавме на новогодишната ноќ. Истото ќе ни се случи и за Божиќ. Останавме без денар. За жал мажот ми по три децении работа се разболе, остана без работа кога фабриката за тули во Велес се затвори, доби инвалидска пензија ама пред година ипол државата му ја укина. Сега леб не можеме да си купиме. Со негата за болно лице му купувам лекови и толку од тие пари, за друго немаме,“ рече Драгица.Јосе е опериран од канцер на носот а сега боледува и од склероза. Тој по триесет и една година стаж остана без работа. Сега на педесет и девет години Јосе не зборува, само седи и отсутно набљудува. Драгица ,која исто така остана без работа кога се затвори стопанскиот суд, се збогува со дактилографската професија бидејќи никој друг работодавец не и даде работа. Таа сеуште не добила одговор на жалбата која лани во октомври ја напиша до државната комисија во управна постапка и во која побара да не му ја укинат инвалидската пензија на сопругот Јосе Крстев каде приложи медицинската документација со која докажува дека е болен и не способен за работа.
На Драгица сега единствена надеж и се добронамерните луѓе кои знаат да покажат дека во ова време не се изгубила човечноста. Таа ги моли за помош во храна и огрев.
„Господ нека им дари двојно повеќе од она што нам ќе ни го подарат, за да преживееме,“ рече Драгица./У.Јза дополнителни информации, контакт: 071 20 99 60,
zaljubov@yahoo.com

Собраната помош „Уметност на живеење Македонија“ со своите волонтери ќе ја дистрибуира дирекно до семејството.
Добронамерните луѓе кои ќе посакаат да допринесат ова семејство да не биде гладно доброволни прилози можат да уплатат на жиро сметките на
Драгица Крстева во ТТК банка 290500014867022
и во НЛБ Тутунска банка 210501624313646

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: