Собирна акција за дечињата болни од рак или леукемија

2

ДА ПОДАДЕМЕ РАКА, ДА ОЛЕСНИМЕ НА РОДИТЕЛИТЕ ЧИИ ДЕЧИЊА БОЛЕДУВААТ ОД РАК И ЛЕУКЕМИЈА…

Веста е превземена од www.facebook.com

 “Здружението “Пеперутка” да известува  дека на 27.09.2014 год (сабота) од 11 до 17 h  здружението за борба против рак и леукемија кај децата „Пеперутка“ ќе организира акција со цел да им се обезбеди најпотребното на малите херои кои се лекуваат на детската клиника за онкологија и со тоа да го олесниме товарот што го носат нивните родители.

Она што е потребно се таблети Silymarin, пелени 11-25 kg и пелени 18-30 kg, средства за лична хигиена (шампони, купки, антисептици, антибактериски сапун, влажни марамици…), нова постелнина за 18 кревети, играчки, боенки, сликовници, блокчиња, боички…


Акцијата ќе се одржи во просториите на Родителската куќа „Пеперутка“ која се наоѓа во Градски Трговски Центар, кај поранешната автобуска постојка (поранешна 57), до билетарата на ЈСП.


Би ве замолиле да се држите до списокот на потребни работи, за да им се достави тоа што е неопходно. Облека не е потребна.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: