Собирање на помош за четири семејства

3

Превземено од “Вистински дела на Љубезност”

Екипата на “Вистински дела на Љубезност” организира хуманитарна акција за помош на 4 соцјално загрозени семејства или пак семејства кои го изгубиле домот и тоa:

Следниве седум дена потребно е да собереме помош за четири семејства. Како и неколку пати до сега оваа објава ќе биде флексибилна, односно ќе го менуваме текстот на (“потребно е” и “донирано е”) согласно ветената и донирана помош од ваша страна. Истата ќе ја доставиме до социјално загрозените семејства:

<Семејство Давчевски од Велес> опожарена куќа, 4 деца (5 г., 3.5 г., 1.6 г., 4 месеци)
Потребно е:
– храна (млеко и друго)
– хигиенски средства, памперси, влажни марамици
Донирано е:
– постелнина

<Семејство Тасеви од Кавадарци> социјално загрозено семејство, со 5 деца
Потребно е:
– перална за алишта
– фрижидер
– кревети, комода и плакар
– мала масичка, маса за трпезарија, столици
Донирано е:
– постелнина

<Семејство Кочоски од Драчево> социјално загрозено семејство, со 5 деца
Потребно е:
– храна
– перална за алишта
– шифоњери
– огревно дрво
Донирано е:

<Семејство Видовиќ од Кочани> социјално загрозено семејство
Потребно е:
– перална за алишта, бољер, туш, лавабо, чешма
– мала масичка, столици
– шифоњери
– влезна врата
– врата и прозорче за купатило
Донирано е:
– постелнина

Сите кои сакаат да помогнат, можат да се обратат на фб профилот на екипата на Вистински Дела На Љубезност
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: