„Шанса за живот“ – кампања на ОКТА за набавка на инкубатори

4

„Шанса за живот“ е кампања на ОКТА за донирање инкубатори во одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести. ОКТА ќе донира пари и дополнително ќе издвојува сума од секоја продажба на гориво на нејзините бензински пумпи. Кампањата ќе трае до крајот на ноември оваа година. Целта на кампањата е опремување на одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести со инкубатори и друга неопходна апаратура што е потребна за нормално функционирање.

Компанијата ја избра Клиниката за детски болести за донацијата затоа што во интензивното одделение се сместени сите предвремено родени бебиња и бебиња родени со компликации и каде што нивните животи зависат од тоа колку добро е опремено ова одделение и од медицинската нега што ја добиваат таму. Моменталната состојба во ова одделение е повеќе од драматична поради старата опрема. Потребата за реновирање на медицинската апаратура е итна и со голема приоритетност.

Структурата на кампањата е создадена да влијае и да ги вклучи сите граѓани низ цела држава и да ја подигне нивната свест за моќта да се предизвика промена.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: