„Розева трка 2015“ Крива Паланка 04.10.2015- Трчаме и донираме за Јоце

4

Фб.настан

Традицијата продолжува од лани, оваа година Розевата тркана здружението за заштита на маргинализирани групи Pink Support ќе биде одржана во Крива Паланка. Трките ќе бидат на 3км и на 5км. На оваа иницијатива се приклучуваатMacedonian Bike Riders велосипедистите што ќе возат тура Скопје – Крива Паланка . Во програмата е планирано ФИТ загревање кое ќе го води Елена Бубало, додека Тина Таутович и оваа година ќе ја води програмаа на PinkSupportMk‬.

Оваа година трчаме и донираме за Јоце да го испратиме на последната терапија во Москва.
Првите 3 места на 3км и 5км добиваат медал и ваучер од‪‎DiBiaggioNY продавницата.
Следуваат награди и медал за тимска поддршка и собрани средства од компании , здруженија и друштва кои ќе донираат како Тим- тие средства одат 100% за Јоце.

Дополнително ќе биде објавено учеството и други информации околу содржината, наградите и програмата.
Здруженија, индивидуалисти и компании слободно пишете ни и приклучете се.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: