Ретвитни оброк – сподели храна, сподели среќа! #93

5

Преземено од фб.

#РетвитниОброк е 93-та недела во акција!

Оваа сабота е последниот ден од 2016-та година, да направиме 100- ина бездомници и социјално загрозени лица достоинствено, во позитивен дух за подобро утре да ја испратат оваа 2016 со комплетен топол оброк. Овој петок нема да готвиме заедно, но затоа ве поттикнуваме вие да дојдете, донирате, споделите оброк, во пресрет на Новата!
Секој од нас да одвои оброк, два, пет, десет или колку може од она што го подготвува за богатата новогодишна трпеза, да не го фрла она кое што останало од собиранките и прославите туку да го спакува и во сабота во 12:30 часот, на платото на Мајка Тереза директно да сподели на нашите сограѓани. Алуминиумски чинии за пакување ќе бидат оставени во портирницата на спомен куќата на Мајка Тереза.

Како можете да ни се придружите:

– Ќе го зачувате вашиот оброк и наместо да го фрлите ќе го поделите некому кој нема
– Ќе зготвите сами или со вашите пријатели 3-5-10 или колку што можете топли оброци
– Ќе донирате намирници кои ќе бидат од огромна помош за некој што има желба да зготви.

Згответе, ретвитнете, споделете топол оброк со оние кои немаат! Да им го направиме последниот ден од 2016-та година, позитивен, со многу надеж за подобро утре и да им ја стоплиме душата со вкусен, топол оброк.
За било каква информација пишете на групата #РетвитниОброк. Заедно да се избориме против гладта!

Посакуваме во 2017 со уште поголем ентузијазам и хуманост да продолжиме да делиме добар оброк и добра мисла. Имајте прекрасна новогодишна ноќ и споделувајте со оние на кои најмногу им е потребна помош.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: