Предновогодишен Хуманитарен базар “ Сите заедно за ЈОЦЕ и МАРГА”

4

Превземено од Фб Настанот.

Пријатели, другари и познаници,

Ве покануваме на предновогодишен хуманитарен базар кој ќе се одржи во Кафе Галерија Концепт 37 на 27.12.2014 со почеток во 12:00ч 
Ќе имате можност да дојдете да ги разгледате изложените рачни изработки, украси,да се напиете по некоја пијачка, и најважно да си купите од украсите за вас и вашите најблиски и со тоа да донирате за лекувањето на Јоце и Марга во Москва, Русија.


*По едногодишното одложување и мирување,поради недостиг на финансиски средства, Јоце Блажевски треба да замине на последниот 7-ми третман со пресадување на матични клетки во Клиниката Неуровита во Москва, во Јануари после Божиќните празници, како што повеќето знаат досега беше на 6 третмани и Јоце има голем напредок и успех, почна да се движи со помош на дубак и да ги извршува сите свои лични потреби самостојно. Да го поддржиме и да му помогнеме да успее и во овој последен третман, да може самостојно да продолжи понатаму.
Со еден повик, можете да донирате и по 100 ден. на телефонските броеви од ВИП 077 143 610 и Т-МОБИЛЕ 070 143 109

*Марга Велеска боледува од церебрална парализa и за да се подобри нејзината здравствена состојба потребен и е третман со пресадување на матични клетки во истата клиника во Москва,кој чини 21 000 еу.
Исто така и за Марга се активни телефонските броеви на ВИП 077 143 077 и Т-МОБИЛЕ 070 143 114,кадешто со еден повик можете да донирате 100 ден.

Хуманитарниот базар ќе трае од 12 :00 – 17:00ч.
Голема благодарност до тимот на Концепт 37 што ни овозможи простор за хуманитарна донација и на сите ракотворци и пријатели кои изработија по некоја симболична изработка со најголема љубов и поддршка за Јоце и Марга!!!
Дојдете на денско кафе и дружење и однесете си некој новогодишен украс со себе,исполнети со идејата дека сте помогнале некому и дека сте донирале за нечиј подобар живот!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: