Полна вреќа детска среќа! #твитомраз

1

Превземено од фб настан.

Кога? – 28.12.2015 од 12 до 23 часот

Каде? – Кафе бар Љубов, Скопје

Дојде времето од годината кога сите, без разлика дали сме деца или веќе возрасни, чекаме да добиеме подарок под елката. Се радуваме кога со нетрпение ја кинеме убавата украсна хартија и го гледаме она што долго сме го посакувале, задоволни што Дедо Мраз го прочитал нашето писмо.

Но, има дечиња на кои писмата им се кратки, јасни и искрени, иако никој не им ги чита. Посакуваат малку, затоа што немаат ни толку. Затоа, оваа година, за прв пат се организира настан од страна на македонската твитер заедница, каде секој ќе може да донесе мал подарок наменет за децата од социјално загрозените семејства.

Донесете подарок, донирајте ваша играчка, парче топла зимска облека, храна, детска книга или боенка и оваа година вие бидете Дедо Мраз!

#твитомраз или Твитер Дедо Мраз ве повикува на целодневно дружење без разлика дали сте или не сте твитерџии. Дојдете, подарете насмевка и парче позитивна енергија!

tvitomraz2

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: