“Покажи грижа, подари љубов!” -хумана акција за собирање бебешка опрема

1

Превземено од фб настанот:  “Покажи грижа, подари љубов!”

КОГА: 20 септември 2015, 13:00-17:00 часот

КАДЕ : Градски Парк, Скопје, пред Школка

ОРГАНИЗАТОРИ: Здружение “Лидија – Срце што чука”

 

“Драги пријатели,

Чест и задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од нашата втора хумана акција за собирање на памперс и друга бебешка опрема за помош на новите членови на „Лидија“ и нивните мајки кои избраа живот и сега со нетрпение ги очекуваат своите најмили да се родат!

Следните неколку месеци ќе бидат месеци на многу нови новороденчиња и ним им е потребна вашата помош!

Доколку имате нешто што би сакале да го донирате во нашиот центар, за подоцна ние да го доставиме до семејствата кои се во потреба, можете тоа да го направите за време на овој настан кој ќе се одржи во Градскиот парк на град Скопје, пред Школка.

Бидете причината за детската радост и насмевка.
Покажете грижа, подарете љубов!

Ви благодариме за сета ваша досегашна помош и поддршка!

Се гледаме во Градскиот парк на 20 – ти Септември!

Со почит,
Тимот на “Лидија- срце што чука“”

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: