Поддршка за ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА И РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА –ЕПИЛЕПСИ

20

Драги наши, да ги поддржиме нашите пријатели !

        ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА И РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА –ЕПИЛЕПСИ
е невладина и непартиска хуманитарна организација формирана со доброволно здружување на граѓани.
Целта на Здружението е да се подобри квалитетот на животот, на сите луѓе со епилепсија и нивните семејства, и да им овозможи подобро разбирање на природата на епилепсија и потребите на луѓето со епилепсија.
ЧЛЕНСТВО:
Членови на Здружението може да станат лица со епилепсија , членови на нивните семејства , доктори и други здравствени работници, кои се професионално ангажирани во епилепсија, како и сите други граѓани на Македонија , кои сакаат да придонесат за целите на Здружението.
Aктивност:
Едукација на лицата со епилепсија, членовите на нивните семејства , како и пошироката заедница за медицинските и социјалните аспекти на епилепсија.
Охрабрувачки средби , размена на знаење и искуства на луѓето со епилепсија, нивните роднини и пријатели.
Објавување на книги и брошури и друг рекламен материјал од областа на епилепсијата.
Организација на состаноци,семинари,конгреси и трибини од различни медицински и социјални аспекти на епилепсијата.
Размена на информации за социјалната и здравствена заштита на лицата со епилепсија со слични организации во светот.
Истражување социјалните аспекти на епилепсија.
Соработка со други организации.
Секој кој сака да ја поддржи нивната работа, тоа може да го направи со волонтирање во нивното Здружение.
Ви го доставуваме и бројот од сметката, доколку некој сака да ја поддржи работата на ова здружение.
270069203810158
ЕДБ 4060013500646
Халк Банка А.Д. Скопје
Нивниот фб профил:
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: