“Од Срце за Срце”-хумана акција за децата во СОС Детско Село

2

Превземено од фб страната ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ

Помогни им на децата од СОС Детско село да одат на летување! Испрати свој цртеж, песничка, краток расказ или други креативни дела на е-пошта: odsrcezasrce@sos.org.mk , постирај ги на фејсбук-страницата – „Од срце за срце“ и користи го #одсрцезасрце, најдоцна до 15 мај 2015 година.
Сите креативни дела треба да бидат означени со име и презиме како и година на раѓање.
Испратените дела ќе бидат постирани на фејсбук-страницата – „Од срце за срце“, а дел и во месечните списанија за деца од 2-12 години, „Играј!“ и „Направи сам“.
Во јуни, 100 креативни дела ќе бидат публикувани во книга под наслов „Од срце за срце“, од чија продажба сите средства ќе бидат донирани во СОС Детско село. За најдобрите три дела следуваат подароци.

Можеш да помогнеш и со директно донирање на с-ка 250-1010002868-04 на СОС Детско село Македонија во Шпаркасе Банка и со повик на телефонскиот број 143 456 на сите мобилни оператори (еден повик чини 100 ден + ДДВ).”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: