“Од мајка за мајка, од дете за дете” во Игротека “Посејдон” во Capitol Mall

4

Превземено од Фб Профилот на Фондација “Златна Рипка”

Кога : Сабота 21.02.2015, 17 :00 часот

Каде: Игротека Посејдон” во трговскиот центар Capitol Mall во Скопје

Организатор : Фондација “Златна Рипка”

Текстот подолу е комплетно превземен од Фондација “Златна Рипка”

“Од мајка за мајка, од дете за дете”, подаруваме и остваруваме. Многу се радуваме на работилницата која заедно со Просветно Дело и Capitol Mall ќе ја организираме во игротеката “Посејдон” во трговскиот центар Capitol Mallво сабота 21.02 со почеток во 17.00 часот. Сите влезници ќе се донираат во фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна Рипка”. И не само тоа, сите производи кои ќе се изработат на работилницата од дечињата и мајките ќе се донираат како подарок на дечињата на одделот Онкологија при Универзитетската клиника за детски болести.

Дојдете, подарете, донирајте!

www.zlatnaripka.mk

 

Целта на настанот е парите за влезниците во игротеката да се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца и да се мотивираат што повеќе граѓани и компании да донираат за ова најранлива категорија деца. Моќта на исполнетата желба е посилна од се` – е девизата на одговорните во фондацијата Златна рипка.

-Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, им ги остваруваме најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Сметаме дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надеж и мисла за една остварена желба плус, е она што ќе ги насмее и што ќе овозможи полесно лекување. Нема да дозволиме дечињата кои се борат за својот живот да ги изгубат надежта и мечтите, велат од фондацијата.

10981616_1588047434773438_5762354369330320056_n

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: