Новогодишна хуманитарна работилница

1

Кога? – 23.12.2016 (петок), 16-19 часот

ФБ настан

Да ви помогнеме во изработување на новогодишни украси коишто ќе можете да ги подарите, да ги однесете на училиште за лотарија или да ги искористите за украсување на вашите домови,наместо да купувате, на децата ќе им биде плус многу интересно, а вие да ни го помогнете лекувањето на Јоце Блажевски во Русија (пресадување на матични клетки) со учество на оваа 3 часовна работилница којашто симболично ќе се наплати по 200 ден и нели, парите ќе бидат уплатени на сметката за лекување, а вие ќе си ги земете сработените изработки.

Потребен материјал не ви е потребен, се имаме ние – ви треба добра желба, креативност и многу љубов за убаво да направите се.
Во мегувреме донирајте на 070 143 109

Ден на настанот
Петок 23 декември (таман предновогодишно да се спремите со поклони)
Почеток на работилницата
16 часот со времетраење до 19 часот

Повелете придружете ни се на добра дружба- хумано дело кинеско чајче и ново научени работи во просториите на кинеското школо Ни Хао во Карпош 4 (3те кули на партизанска до мостот на Вардар)

Пријавете се на 078 232 205 или во сандаче оставете ни порака со име и презиме

Фала ви од срце

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: