Новогодишен Хуманитарен Базар за Јоце – Малите рачиња и големи срциња за Јоце

3

Почитувани ученици, родители, пријатели, другари и познаници, Ве покануваме на предновогодишен хуманитарен базар кој ќе се одржи во Lounge Bar Papaz во Населба Ново Лисиче (спроти основното училиште Лазо Ангеловски) на 29.12.2014 (понеделник) со почеток во 17:00ч кадешто вредните рачиња на учениците од двете училишта „ Ni Hao 你好„ и Access со здружени сили безрезервно ги подадоа рачињата за помош за лекувањето на Јоце Блажевски во Русија и изработија прекрасни ракотворби со празнични мотиви коишто по симболична цена ќе се продаваат за неговото лекување.

Lounge Bar Papaz со отворени врати ќе не пречека и исто така со донација ќе го подржи овој настан.

Ќе имате можност да дојдете да ги разгледате изложените рачни изработки, украси, да се напиете по некоја пијачка, и најважно да си купите од украсите за вас и вашите најблиски и со тоа да донирате за лекувањето на Јоце.

*По едногодишното одложување и мирување,поради недостиг на финансиски средства, Јоце Блажевски треба да замине на последниот 7-ми третман со пресадување на матични клетки во Клиниката Неуровита во Москва, во Јануари после Божиќните празници, како што повеќето знаат досега беше на 6 третмани и Јоце има голем напредок и успех, почна да се движи со помош на дубак и да ги извршува сите свои лични потреби самостојно. Да го поддржиме и да му помогнеме да успее и во овој последен третман, да може самостојно да продолжи понатаму.
Со еден повик, можете да донирате и по 100 ден. на телефонските броеви од ВИП 077 143 610 и Т-МОБИЛЕ 070 143 109

Хуманитарниот базар ќе трае од 17 :00 – 18:30ч.
Голема благодарност до тимот на Lounge Bar Papaz што ни овозможи простор за хуманитарниот настан и двете училишта Ni Hao 你好„ и Access и на сите ученици, родители и наставнички кои изработија по некоја симболична изработка со најголема љубов и поддршка за Јоце!!!
Дојдете на денско кафе и дружење и однесете си некој новогодишен украс со себе,исполнети со идејата дека сте помогнале некому и дека сте донирале за нечиј подобар живот!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: