НОЌ НА МЛАДИТЕ СРЦА

7

Превземено од фб настаниот: НОЌ НА МЛАДИТЕ СРЦА

 

КОГА: ЧЕТВРТОК, 20 НОЕМВРИ; 19:00

КАДЕ : ДАРЕ ЏАМБАЗ, СКОПЈЕ

 

Во склоп на проектот РАЗБУДЕТЕ СЕ ХУМАНИ – ЗАЕДНО ДО ДОМА, Црвен Крст и Дормео со заедничка соработка се обидуваат да стоплат два дома кои припаѓаат на две социјално загрозени семејства.

Зимата иде, а овие две социјално загрозени семејства за жал не можат да си дозволат реновирање и мебел. Потребни се парични средства, материјали, мебел.

Потребна е Ваша поддршка.

За таа цел ја организираме и оваа Ноќ, или Ноќ на Младите Срца. Најмалку што може да направите е да присуствувате и да уживате во агендата која што ја склопивме. Во оваа Ноќ ќе имаме прекрасна музика и стихови кои што не би Ве оставиле рамнодушни. 
Ќе настапат следниве учесници:

– Боби Спасенчовски заедно со неговите ученици од училиштето за деца со оштетен вид и ученици од училиштето за хармоника Супериор 2.
– Мирослав Гаик
– Стефани Накова заедно со Марина Димовска
– Никола Мешковски

За да ја стоплиме со љубов и младост оваа Ноќ, ќе биде рецитирана и поезија од страна на:

– Беира Салифоска
– Марија Најдовска
– Елена, чии што рецитирања ќе пробудат во Вас најубави чувства и ќе Ви ја направат оваа есен богата за паметење.

Повелете, посетете не. На самиот влез Ви подготвивме мало изненадување во сите боите на есента.

Билетот ќе ве чини само 60 денари.

Ви благодариме за одвоеното време.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: