“Недела на Хуманоста” во скопските кафе-барови

5

По повод Светскиот ден на Хуманоста, 19 август, Здружението “Хуманост без Граници” ја спроведува својата кампања “Недела на Хуманоста” во Скопските кафулиња, со цел да се помогне на сите на кои помошта им е навистина неопходна. Во кафулињата се поставени донациски кутии каде можете да ја покажете својата хуманост на дело.

Скопје ќе зрачи со Хуманост и Добрина цела седмица. Од 16 август па се до 24 август. Здружението “Хуманост без граници” и скопските кафулиња се обединија во идејата можноста за директно донирање на хумана помош и собирање на средства за сите оние на кои им се потребни средства за операции, третмани и лекувања да ја доближат до Скопјани.

Во повеќе скопски кафулиња побарајте ја донациската кутија и покажете е ја вашата хуманост на дело, со скромен прилог за лицето за кое е наменета кутијата.

Еве за кого ќе се собира Хуманост и ќе се дарува Добрина:

-За Емануела Костоска  во Cafe Zmija Revolved, ГТЦ,  Play Cafe, ул. Македонија , Кафе Коцка, ТЦ Лептокарија и  Ракија Бар “Калдрма”, Стара Чаршија

-За Олгица Тодоровска во Skopje Cafe, Ул. Македонија,  Ресторан Дион, Кеј 13 Ноември, Red Caffe Lounge Bar, н. Аеродром и Кафе Коцка, ТЦ Лептокарија

-За Ивана Тодоровска во Birocrat- Ministry of Cofffe , кеј 13 Ноември и Led Zeppelin Gitar Bar,TЦ Лептокариј

– За Иван Стојанов во Drama Coffee House, ул. Македонија, Caffe Bar Stobi, Гтц и Кеј 13 Ноември и Cafe-Cafe,спроти Градежен Факултет

-За Дарко Анески во International Coctail Bar, ул. Македонија, Firenze Cafe, Плоштад Македонија и Cafe-Cafe,спроти Градежен Факултет

– За Марга Велеска во Chiao Cafe, ГТЦ, Salad Shop и Менада, Стара Чаршија

-За Јани Тануров во Green caffe, ТЦ Бисер и Everyday lounge bar, n.Аеродром

– За Јоце Блажевски во Barcelona Cafe, ул. Македонија, Custom Pub, Led Zeppelin Gitar Bar,TЦ Лептокарија, Менада и Ракија Бар “Калдрма”, Стара Чаршија и  Badu Bar, Порта   Влае

– За Даниел Митков во Cream Caffe ,  ТЦ.Бисер,  Custom Pub и Badu Bar, Порта   Влае

10320282_773239602715362_6572176694721653566_n

387392_103203973136182_793235847_n

 

 



Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: