Направи добро дело, дарувај крв

1

Кога? – 22.02.2016, од 11 до 18 часот

Каде? – Даре Џамбаз, Скопје

ФБ настан

“Спаси нечиј живот, дарувај крв.

Сојузот на извидници на Македонија по успешно организираната минатогодишна крводарителска акција и како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците 22ри февруари и оваа година организира акција за донирање крв. За организирање на овој настан ни помогнаа пријателите од Црвен Крст.

За да го потврдите вашето присуство Ве молиме пополнете го следниот формулар:
http://goo.gl/forms/CFZ4wfrHFQ

Акцијата “Направи добро дело” претставува низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување мисијата – Да креираме подобар свет.

Ги покануваме сите извидници и граѓани кои сакаат да даруваат крв и спасат нечиј живот да дојдат во просториите на Црвен крст “Даре Џамбаз” во понеделник 22.02.2016 во периодот од 11:00 до 18:00 часот.

Овој настан е наменет за оние кои имаат 18 години или повеќе. Доколку некој кој има 17 години сака да дарува крв може да го направи тоа само доколку донесе писмена родителска согласнот .

Исклучително важно е да го потврдите вашето присуство со цел да не се создадат потешкотии при реализирањето на овој настан.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: