Направи добро дело-Дарувај крв- КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

4

Превземено од Фб настанот:“НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО-ДАРУВАЈ КРВ”

“Спаси нечиј живот, дарувај крв. 

Сојузот на извидници на Македонија како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците 22ри февруари организира акција за донирање крв во сорботка со Црвениот Крст на Македонија. Ова е еден многуте настани кој е дел од акцијата “Направи добро дело ” 

Акцијата “Направи добро дело” претставува низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување мисијата – Да креираме подобар свет. 

#ididgooddeed #happybirthdayBP #scoutsMacedonia”

Ги покануваме сите извидници и граѓани кои сакаат да даруваат крв и спасат нечиј живот да дојдат во просториите на Црвен крст “Даре Џамбаз” во четврток 19.02.2015 во периодот од 13:00 до 17:30 часот. 

Овој настан е наменет за оние кои имаат 18 години или повеќе. Доколку некој кој има 17 години сака да дарува крв може да го направи тоа само доколку донесе писмена родителска согласнот .

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: