МНТ игра за децата од „СОС Детско село“

1

Кога? – 30.03.2016 во 20 часот

Каде? – Македонски народен театар Скопје

ФБ настан

По повод 27 март, Светскиот ден на театрот, ќе се одигра претставата „РАЗГОВОРИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ“ во режија на Нина Николиќ во чест на децата од СОС Детско село Македонија, а приходите од претставата ќе бидат донација за нивното посреќно детство.

Но, Македонскиот народен театар се погрижи и на децата да им ја доближи театарската магија. Така, на самиот Ден на театарот, 27 март, МНТ организира театарска работилница за децата од СОС Детско село, по што е предвидена обиколка низ театарот и запознавање со начинот на неговото функционирање, за на крај денот и детските театарски доживувања да бидат крунисани со детската претстава „Палавковци“ на малата сцена во театарот.

„СОС Детско село Македонија оваа година слави 15 годишен јубилеј и сите овие години е посветено на обезбедување на топол дом, љубов, грижа на децата а пред се да обезбеди среќно детство бидејќи секое дете тоа го заслужува. Организацијата навистина може да се гордее со тоа што многу деца успеале да ги пребродат проблемите што ги носи животот и да му се радуваат на детството а и да бидат поподготвени за предизвиците кои ги чекаат во светот на возрасните. Не ја исклучувам можноста некое од овие деца, да биде маѓепсано со волшепството на театарот и еден ден да стане дел од актерите, кои во оваа пригода играат претстава посветена на нив.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал, со над 132 земји во светот. СОС Детско село Македонија згрижува деца без родители и родителска грижа. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности за застапување и лобирање во правец на подобрување на квалитетот на грижа и превенцијата во полето на социјалната заштита.

Да бидеме хумани!

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МНТ, цена 300,00 денари

„РАЗГОВОРИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ“
Автор: Ингмар Бергман
Режисер: Нина Николиќ
Адаптација на текстот: Тамара Барачков

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот.

Играат:
Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.

Продуцент:Томи Салковски
Костимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска
Сценограф: Сања Аврамоска
Видео и фотографија: Петар Кочишки
Дизајн на плакат: Ника Гавровска
Консултант за избор на музика: Маја Трајаноска

Извршен продуцент: Симона Угриновска
Инспициент: Александар Рајковски
Тон-мајстор: Александар Арсиќ
Дизајн на светло: Дарко Младеновски
Светло-мајстор: Горјан Темелкоски
Светло-мајстор: Игор Митревски
Видео-оператор: Димитар Димитров
Реквизитер: Соња Крстевска
Гардеробер: Фидан Петровски
Фризер: Бранка Пљачковска

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: