Македонските модни дизајнери во хуманитарна акција за помош на Орнела Јордановска

4

Орнела Јордановска кариерата ја почна како поп пејачка, но потоа студираше моден дизајн на Европски универзитет и неколку пати се претстави на Моден викенд-Скопје

Под мотото DESIGNERS FOR DESIGNER во сабота и недела (9 и 10 мај), во Lotus Design Store во „Скопје сити мол“ познати македонски дизајнери ќе ги продаваат своите креации со хуманитарна цел. Целокупните средства добиени од продажбата ќе бидат наменети за лекувањето на младата дизајнерка Орнела Јордановска која се лекува од рак на лимфни жлезди. Дадете свој придонес во борбата за живот на талентиранта Орнела со одбирање на уникатно парче од дизајнерите Лидија Георгиева, Тања Кокев, Никола Булески, Ристо Бимбилоски, Ивана Цветковска, Никола Ефтимов, Мила Кадриу, Христина Деспотовска, Роберт Ивановски , Милена Атанасова, Маја Кикириткова, Ненад Секирарски, Тамара Штерјова, Ивана Цветковска и Гордана Вренцоска.

11185790_10153323785391350_1978895519_n

Превземено од: Stylist.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: