Летна крводарителска акција во Штип

2

Превземено од http://kanalplus.mk

Летна крводарителска акција проследена со музички хепенинг во текот на утрешниот ден ќе организираат волонтерите во Клуб на млади при ОО Црвен Крст Штип. Овој пат оваа крводарителската акција за прв пат ќе се реализира во просториите на Дом на млади.

Крводарителската акција ќе започне во 9 часот, а хуманите штипјани и жители од регионот кои сакаат да даруваат крв тоа ќе можат да го сторат во просториите на Дом на млади.

Под мотото „Вашата крв спасува живот“ акцијата е иницирана со идеја да се помогне на учесниците и повредените во сообраќајни незгоди.

Сите заинтересирани кои со својата крв сакаат да помогнат да се спасат многу човечки животи со тоа што до 16 часот ќе даруваат од најдрагоцената течност, ќе добијат скромни подароци и благодарници за покажаната хуманост.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: