Купи книга и донирај за ЈОЦЕ на САЕМ НА КНИГА и ОБРАЗОВАНИЕ!!

3

 

Сите вие кои од денес па до сабота ќе го посетите Саемот за книга и образование на Скопскиот Саем,

имате можност да ја покажете својата хуманост за Јоце Блажевски.

Да ја искористиме сите можноста!

Превземено од Фб настанот:Купи книга и донирај за ЈОЦЕ на САЕМ НА КНИГА и ОБРАЗОВАНИЕ!!

“Трета година по ред, Организаторот на Саемот на Книга ни излезе во пресрет и повторно ни овозможи да сме дел од овој саем, со хуманитарен штанд за помош на Јоце.
Голема Благодарност до Сања Кондарко за несебичната поддршка сите овие 3 години.

– Донацијата за штандот ја овозможија Кафе книжарница ТРИ и ТАБЕРНАКУЛ кои што придонесоа со дел книги, да успееме да собереме средства за лекувањето на Јоце.
– Ќе се продаваат и рачно изработени честитки (hand made by Cuki Blazevska)
– Bookmarks изработени од нашата пријателка Светлана Ѓоргон

…ваше, драги пријатели, е само да не посетите, да ни дадете поддршка и да придонесете во лекувањето со купување на книги и честитки или со донирање на средства во кутија за донации на самиот штанд.

АНЕКС 2 – после 2-ра хала,после Саем на образование
од 10.04-12.04 од 10:00 – 20:00ч

….за седмиот (последен) третман со пресадување на матични клетки на Joce Blazevski во Клиниката НеуроВита во Москва, кој што чини 10 000 ЕУ за 30-дневен престој, рехабилитација, матични клетки, физикална терапија….кој треба да се одвива во месец мај.
Да му овозможиме на Јоце и овој пат да успее во својата мисија, затоа што ДВИЖЕЊЕТО со дубак, од предходно парализиран во количка, ВООПШТО НЕ Е МАЛ НАПРЕДОК!!!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: