Кумановскиот театар ја отвора сезоната, a средствата од проджбата на билетите ќе бидат наменети за населението од поплавените подрачја

3

Превземено од: republika.mk

 

„Во кумановскиот театар утревечер (05.09.2016год.) со почеток во 20 часот ќе биде прикажана претставата „Идиоти“ во режија на Мирослав Петковиќ. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат бидат наменети за граѓаните од поплавените подрачја, соопштија денеска од кумановскиот театар.

– Сезоната ја започнуваме со оваа претстава во која настапуваат актерите од кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски и Владо Дојчиновски. За оваа преставата имаше голем интерес кај публиката и затоа е одбрана да биде прикажана повторно, овој пат за хуманитани цели, изјави Симона Тоскиќ, драматург и продуцент во театар Куманово.

Цена на билетот ќе биде 100 денари, а билетарницата ќе работи во понеделник од 10 до 14 часот и од 17 до 20 часот.

Во Центарот за култура, инфромираа од кумановскиот театар, одредени се уште два термина за собирање на средства за настраданите од овие подрачја. На 20-ти септември гостува Македонскиот народен театар со „Прекината одисеја“, а на 24-ти Македонската опера и балет пред кумановската публика ќе изведе детска оперета. Билетите за овие гостувања ќе може да се набават на билетарницата во Центарот за култура.

– Се надеваме дека со овој подвиг ќе им излеземе во пресрет на луѓето од поплавените подрачја, па затоа апелираме до граѓаните од Куманово да ги посетат и театарот и преставата на МНТ и на МОБ во НУЦК „Трајко Прокопиев“, рече Тоскиќ.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: