Крводарителска акција во Скопје

2

Превземено од фб

Кога? – 25.01.2016 година во периодот од 10:00-17:00 часот

Каде? – Скопје, Дом на АРМ

“Традиционално, на 25.01.2016 година, по дванаесети пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден. Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје,ООЦК Гази баба, Институтот за Трансфузиона медицина, Тоше фан форум клубот како и волонтерите на Клуб 25. Акцијата ќе се реализира на 25 јануари (понеделник) во холот на Дом на АРМ во периодот од 10:00-17:00 часот Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш, традиционално, два пати во годината (Октомври и Јануари) истите се реализираат во негова чест.Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година. До сега , својата хуманост преку чинот на дарување крв на овие акции ја покажале околу 3 300 крводарители.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: