Крводарителска акција во Општина Кисела Вода

1

Превземено од http://www.kiselavoda.gov.mk/

Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи во четврток, на 14 Мај, од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината. И оваа година, мотото на крводарителската акција останува исто – Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: