Крводарителска акција во Крушево

5

Превземено од фб

Кога? – 25.01.2016 година (понеделник) од 09:00 – 16:00 часот

Каде? – Крушево, Спомен куќата на Тодор Проески

“ЈАС ШТОТУКУ СПАСИВ ЖИВОТ, А ВИЕ?

За да го почувствуваме присуството на нашиот ангел чувар Тоше меѓу нас, Црвен крст на РМ – Општинска организација Крушево во соработка со Меѓународната Фондација Тодор Проески на ден 25.01.2016 година (понеделник) од 09:00 – 16:00 часот ќе ја одржи ДЕВЕТТАТА МЕМОРИЈАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА во Негова чест, во Спомен куќата на Тодор Проески.

Граѓани на Крушево, младинци, спортисти, двигатели на новата генерација, Ве покануваме да ја покажете вашата хуманост и човечност и доследно да го продолжиме делото на Тоше, да даруваме крв како би биле горди на самите себе така како што сме горди на него.

Да се дава, значи и да се прима.

Подарете го вашиот животен подарок, дарувајте крв!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: