Коктел вечера и промоција на книгата “Причината зошто скокам”

2

Превземено од фб профилот на Организаторот: https://www.facebook.com/brzotrz

 

“Често ги спомнуваме аутистичните деца, толку различни, а толку посебни. Тие се тука, насекаде околу нас, а така далеку и така неразбрани. Тоа се деца на кои многу им треба поддршка, помош, разбирање, дружење…

Ротари Клуб Скопје-Кирил и Методиј организира промоција на една прекрасна книга напишана од 13 годишно аутистично дете. Бестселер… Книга која помага да го разбереме светот во кој тие деца живеат, книга која многу ќе го промени секој од нас… Книгата е преведена и на македонски…
Дојдете на промоцијата, земете бесплатен примерок и таму донирајте барем по 1000 денари.

Доколку можете, како поединец или компанија, порачајте… купете по некој примерок и доколку не сте во можност да дојдете на промоцијата. Подарете го на блиските, на пријателитеѓ… Средствата од донацијата која ќе ја дадете на промоцијата и од понатамошната продажба на книгата, одат во целост за помош на овие дечиња и нивните семејства…

Промоцијата ќе биде пропратена со убава музика, пријатна атмосфера и вечера во прекрасен амбиент.
И запаметете: АУTИЗМОТ НЕ Е ТРАГЕДИЈА, ИГНОРИРАЊЕТО Е

Од организациони причини, ве молам да  го потврдите присуството во инбокс кај организаторот на овој ФБ профил :https://www.facebook.com/brzotrz

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: