„Ќе дојдеш ли на Рандеву?“ по вторпат во МКЦ

1

Превземено од : Ќе дојдеш ли на Рандеву? Vol 2.

КОГА: 12 ноември 2015, 21:00 часот

КАДЕ:

MKC club restaurant

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

“После одличнoто прво рандеву дружење, кое се одржа на 29ти септември во МКЦ клуб и ресторан, овојпат со радост ве каниме на Randevu Vol 2.
Локацијата останува иста, терминот е 12 ти ноември (четврток) во 21ч.

Дојдете повторно да се дружиме, да се запознаваме, да донираме.
Овoјпат ќе понудиме многу нови активности за кои ќе ви пишуваме наскоро, а во текот на оваа втора Рандеву вечер ќе имате можност да ја проследите и изложбата на дела од Моника Ризовска.

„Ќе дојдеш ли на Рандеву“ едноставно е начин да запознаеш нови луѓе на забавен и необичен начин „Ќе дојдеш ли на Рандеву“ исто така е начин да го донираш твоето време за добри цели уз пијачка, разговор со луѓе кои што најверојатно веќе ги познаваш (да, сè уште сме во Скопје), но исто така да се соочиш со предизвикот да запознаеш некој нов и да бидеш подготвен за нови авантури.

Годините не се граница ниту пак има некакви ограничувања колку пријатели можеш да донесеш со себе. Исто така нема ограничувања ниту колку нови лица можеш да запознаеш. Едноставно со себе понеси ја твојата насмевка, добро расположение и желбата за нови интересни познанства.

Паричните средства собрани за време на настанот ќе бидат наменети за децата од улица кои одат во Дневниот Центар за Деца од улиците на Шутка.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: