Хуманитарен OPEN DAY во Игротека Радост

3

Игротека РАДОСТ за радост на оние на кои им е најпотребна!

По повод 2-от роденден на Игротека РАДОСТ на 09.12.2014 година од 10:00 до 22:00 часот ќе се одржи хуманитарен OPEN DAY. Имено на тој ден сите дечиња ќе можат да се дружат бесплатно со своите омилени ликови од бајките (Снежана, Пепелашка, Супермен, Бетмен, Мики Маус), додека нивните родители уживаат во својот омилен пијалок. Целта на овој хуманитарен OPEN DAY е да се соберат: облека, играчки, школски прибор, прибор за домакинство и пари за 3 социјално загрозени, многудетни семејства од Скопје.

Игротека РАДОСТ, Ringeraja.mk, Turlitava.com, Kupinapopust.mk, Termin.mk И Црвениот крст на Град Скопје Ве покануваат да дојдете и да бидете дел од оваа голема акција. 

Предизвикајте радост и среќа на лицата на најзагрозените со својата хуманост! Донирајте за нечија подобра иднина!

КАДЕ:  Кузман Јосифовски Питу 17 Локал 14, 1000 Скопје
КОГА: Вторник 9ти декември 10ч – 22ч

Фб настан

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: