Хуманитарна журка за Јоце Блажевски

1

На 21.04.2014 година во Скопскиот Клуб “ХАВАНА” ќе се одржи  рап журка со цел прибирање на средствата потребни за последниот третман на Јоце Блажевски со матични клетки во Русија.

Еве ја приказната за Јовица Блажевски, нашиот херој, од почеток :

“После 23 годишна макотрпна и тешка борба, Јоце и неговото  семејство се на граница на експлозија од среќа. После сè, ПРОГРЕС за него… Претпоставка  “се искачува”.
Добива покана од Руската Клиника ” Neuro Vita” за примена (пресадување) на матични клетки, која ќе овозможи неговата диагноза ”церебрална парализа” да се излекува. Јоцем инвалид во количка, неможаме сам да се движа, неговите помагала се патерица од едната страна и некоја особа од другата.
Сега има шанса да се излекува и да продолжи самостојно во понатамошниот живот. Цената за престој, на одделението со придружно лице и вкупното траење на програмата на третирање од 2 години базирана на матични клетки, чини 70 000 евра. Јоце и неговото семејство не можат да овозможат толкава сума на парични средства, па затоа потребни се донации од секој вид на хуманитарна акција како и индивидуална хуманост.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: