Хуманитарна забава за Томче Костадиноски

1

Броеви за донација:
T-Mobile 070 143 113
VIP 077 143 706
ONE 075 143 424

Биди хуман, направи промена!
четврток 21ч
влез 100 ден

 

Tомче Костадиноски боледува од Душенова мускулна атрофија, а болеста му била дијагностицирана кога тој имал околу 6 години. Симптомите кои се јавувале кај малото момче не навестувале дека ќе боледува од тешка болест.
Сега и Училиштето е посебно место за 14 годишниот Томче Костадиноски од тетовско Долно Седларце. Без разлика на временските услови ова момче сака да биде меѓу своите соученици и да го открива светот на науката и знаењето. Но додека неговите другарчиња се на часот по физичка култура во спортската сала, Томче е во својата количка за движење и заедно со едно другарче во училницата стрпливо чека на новиот час.
Медицинскиот центар за матични клетки “Ву” во Пекинг овозможува лекување на болестта Душенова мускулна атрофија, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 45.000 долари. Костадиновски апелираат до сите хумани луѓе, да помогнат за посветла иднина на нивниот син.
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: