Хуманитарна забава за СОС детско село

3

Кога? – 03.12.2016 (сабота) во 21 часот

Каде? – Fourplay cafe (Ул. Орце Николов бр. 93 Скопје)

ФБ настан

Студентската организација ESTIEM LG Skopje ги претставува студентите од Машинскиот Факултет во Скопје. Во досегашниот дел од постоењето на организацијата се направени голем број на хуманитарни акции, па така и оваа сабота (03.12.2016), ESTIEM LG Skopje во соработка со СОС детското село ќе организира хуманитарна забава за децата од СОС детското село на која секој ќе може да дојде и да донира. Се одлучивме оваа хуманитарна забава да биде посветена токму на овие деца поради тоа што сакаме да дадеме до знаење дека децата се иднината и дека никогаш нема да бидат сами. Сакаме оваа акција да биде еден поттик до сите хумани граѓани и хуманитарни организации, да организираат слични вакви настани за да придонесат насмевки на тие детски лица. На влезот на локалот ќе има поставено кутија во која ќе може да се донираат паричните средства.

Да ја покажеме нашата хуманост! САБОТА (03.12.2016) СО ПОЧЕТОК ОД 21:00ч ВО FOURPLAY CAFE!
We make a living by what we get, but we make a life by what we give!
ESTIEM LG Skopje!

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: