Хуманитарна забава за Пеце Роговски во Битола!

3

Превземено од: http://setaliste.com.mk

Во недела, 12- ти јули со почеток од 23 часот во ноќниот клуб „Позитив“ во Битола со влезница од 100 денари, ќе му се помогни на Пеце Роговски од Битола кој боледува од тумур на карлица и спиналниот канал.

За помош на Пеце, ќе настапат Brass Brothers, Patience, The End, ContruDj – Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar, Dj boc.a, Dj Matle, Dj Andrej и Dj Danny – L.

Имено Пеце Роговски, пред околу една година беше опериран од туморозна творба т.е лопосаркома миџсоидес на лева глутеална регија на пластична хирургија, во државната болница во Скопје. После тоа беше опериран уште еднаш, а потоа следеше зрачна терапија.

Сето тоа се одвиваше во Скопје, а за тоа беа потребни многу финансиски средства, бидејќи траеше 7 месеци.
Пред неколку месеци му е дијагностицирана нова туморска творба на карлица заедно со спиналниот канал, поради што повторно беше во Скопје на зрачење и за тоа беа потрошени 120.000 денари.
Сега е потребна итна операција во Турција која ќе кошта 54.000 евра, а исто така потребни се и финансиски средства за дополнителни снимања и испитувања, како и патни трошоци, сместување.
Имено Роговски е невработен и живее со својата самохрана мајка која исто така е невработена..

Донирај и ти!!
ВИП: 077 – 143 – 610
ONE: 075 – 143 – 600
T-Mobile: 070 – 143 -181

Сметка за донации во Македонија:
Роговски Пеце
290500007892819
ТТК Банка
200002877989992
Стопанска Банка А.Д. Скопје

Можност за донација на indiegogo.com

Ве покануваме сите заедно да се дружиме, а воедно и да му помогнеме на нашиот другар Пеце!

Да му помогнеме на Пеце и неговата мајка да победат во уште една животна битка!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: