Хуманитарна забава за Николче во кафе Мемоар

5

Превземено од: фб.

Кога: 27.05.2016 во 21:00 часот

Каде: Кафе Мемоар – Скопје

На хуманитарната забава ќе има аукција на цртежи на Владимир Лукаш. Аукцијата се пријави да ја води Сашко Коцев.
Белизе Бенд во проширен состав, ќе настапи со неколку свои нумери…

“Николче го запознав онака како што запознавам голем дел од луѓето со големо срце…. Иако немаше ни за себе, реши да посвои кутре од нас кое долго време никој друг не сакаше да го посвои. Останати се без родители, двајцата починале еден по друг, за кратко време. Сам се грижел за помалата сестра, за куќата, за животните. И е неверојатно скромен, мирен, тивок, културен!
По пожарот што им ја зафати куќата завчера, на овие деца сега не им остана буквално ништо, немаат ниту стари фотографии од родителите, ниту документи, ниту пак облека. За финансии воопшто да не зборувам.
Ги молам сите бутици, граѓани, фирми да одвојат облека, пари, било што што мислат дека би помогнало, за децава да застанат на нозе. Николче нема никаков документ во себе, буквално ништо, мора се да вади отпочеток, а за тоа требаат средства. Носи патики број 46 и маици број 42 (L, XL)…. Секој што сака да донира, нека ми пише, јас во текот на неделата ќе ги однесам донациите во Велес, или пак нека го исконтактира Николче директно на 075332117”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: