Хуманитарна забава за доизградбата на црквата „Св. Петка“ во Прилеп

2

Каде: кафе-бар Табу Прилеп
Кога: среда 22 октомври со почеток во 21ч

Превземено од www.10bez10.com

Занаетчискиот еснаф поточно Секција на бербери и фризери при Регионалната занаетчиска комора-Прилеп ја продолжува хуманитарната традиција за самоиницијативно организирање на донаторски забави.

Овој пат нивната мисија подразбира собирање на финансиски средства со кои ќе се помогне доизградбата на црквата „Св. Петка“, а самата донаторска акција ќе подразбира дружење, забава, аукција и донирање на парични суми кои ќе можат освен берберите и фризерите да ги донираат и нивните клиенти и пријатели но и сите добронамерници и посетители на кафе -барот „Табу“ во Среда на 22 Октомври со почеток од 21.000 час.

Ова е втора хуманиатарна акција од ваков тип што ја организира Секцијата на бербери и фризери, а со првата хуманитарна мисија го потпомагаа обновувањето на опожарениот манастирски комплекс „Трескавец“ .

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: