Хуманитарна забава “Од срце за #малатаЕли”

2

Кога? – 11.02.2016, од 22 до 01 часот

Каде? – Клуб Мамас, Скопје

ФБ настан

“ХУМАНИ ЛУЃЕ! Знам дека Ве има во многу голем број. Овој пат се работи за малата ЕЛИ!
Ве покануваме во четврток 11 февруари на хуманитарна забава во клубот Мамас со почеток во 22 часот.
Влезот ќе чини симболични 100 денари кои ке бидат наменети за донација за Ели!
Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.
Се појави надеж во САД каде докторите гарантираат дека можат да и помогнат на малата Ели да почне нормално да живее како своите врсници.
Еден болнички ден ги чини 3.400 евра . Износот кој во моментов им е потребен е 57.800 евра и со секој следен ден расте. Да спасиме еден живот. Да и помогнеме на Ели да има детство какво што заслужува.
Да донираме на:
070/143-111 – Телеком
077/143-775 – ВИП
075/143-114 – ОНЕ
Сметка за Ели: Денарска 300001000024155
Комерцијална банка Елена Додевска”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: